logo
logo
logo

За време на изборите во Индонезија, од исцрпеност починале 71 волонтер

Vecer | 20.02.2024

За време на изборите во Индонезија, од исцрпеност починале 71 волонтер

Претседателот на Изборната комисија Хасим Асјари изјави дека уште околу 4.000 луѓе се разболеле поради замор за време на изборите на 14 февруари, пренесува Блумберг.

И на овие избори евидентиран е голем број смртни случаи, и покрај мерките на Владата, која вовела старосна граница за волонтерите и наредиле дополнителни здравствени прегледи, откако на претходните избори во 2019 година починале повеќе од 500 лица ангажирани во изборната дејност.

За време на минатонеделните шестчасовни избори, на избирачките места биле распоредени пет милиони платени волонтери.

Над 200 милиони граѓани на Индонезија имале право да гласаат на изборите за претседател и потпретседател на земјата, пратеници во националното собрание и во локалните самоуправи.

Изборниот процес во таа земја предвидува деноноќна работа на распределба и броење на гласачките ливчиња, која може да трае и до 12 часа по затворањето на избирачките места.

Индонезискиот министер за одбрана Прабово Субианто прогласил победа врз основа на неофицијалните резултати со повеќе од 50 отсто од гласовите што наводно ги добил во првиот круг, но конечните резултати ќе бидат објавени до 20 март.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk