logo
logo
logo

За ПРВ ПАТ во историјата, шведскиот парламент му изгласа НЕДОВЕРБА на премиерот

Vecer | 21.06.2021

За ПРВ ПАТ во историјата, шведскиот парламент му изгласа НЕДОВЕРБА на премиерот

За прв пат во историјата шведскиот парламент му изгласа недоверба на премиерот Стефан Левен. Лидерот на Социјалдемократите има една недела да поднесе оставка или да распише вонредни избори.

Националистичката партија Шведски демократи ја искористи шансата да покрене гласање за доверба откако Левичарската партија ѝ ја откажа поддршката на владата поради нејзиниот план за олеснување на контролата врз изнајмувањето на новоизградени станови.

Малцинската коалиција на Левен со Зелените се потпираше врз поддршката на две помали партии и Левичарската партија откако беше формирана во 2018 година.

Ако Левен одлучи да поднесе оставка, нејасно е кој би можел да го добие мандатот за формирање нова влада, а и вонредните избори можеби нема да донесат јасен победник.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk