logo
logo
logo

За прв пат се огласи Хезболах по примирјето на Израел и Либан

Vecer | 27.11.2024

За прв пат се огласи Хезболах по примирјето на Израел и Либан

„Нашите сили ќе останат целосно подготвени да се справат со амбициите и агресијата на непријателот на Израел“, се вели во соопштението 5 часа по стапувањето на сила на договорот, јавува Anadolu.

Групата вети дека внимателно ќе го следи повлекувањето на израелските сили од јужен Либан.

„Очите на нашите борци ќе останат вперени во движењата и повлекувањето на непријателот надвор од границите, а нивните раце ќе останат на чкрапалото за одбрана на суверенитетот на Либан“, додаде Хезболах.

Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и либанската група Хезболах со посредство на американските и француските дипломатски напори стапи на сила денеска во 04:00 часот по локално време.

Според договорот, либанските вооружени сили ќе се распоредат во јужен Либан во рок од 60 дена, а за тоа време Израел постепено ќе ги повлече своите преостанати сили. Договорот бара и Хезболах да ги премести своите сили северно од реката Литани.

Договорот меѓу Израел и Либан стапи на сила неколку часа откако американскиот претседател Џо Бајден изјави дека е постигнат договор за ставање крај на конфликтот, поради надежите дека ќе ги запре израелските воздушни напади врз либанските градови и ќе стави крај на една година прекугранични борби.

Повеќе од 3.800 луѓе се убиени во израелските напади во Либан, според либанските здравствени власти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk