logo
logo
logo

ВСЕЛЕНСКАТА битка меѓу најбогатите мажи во светот: Маск му одговори на Безос и му порача дека умира од смеа

Vecer | 27.04.2021

ВСЕЛЕНСКАТА битка меѓу најбогатите мажи во светот: Маск му одговори на Безос и му порача дека умира од смеа

Вселенската трка на двајцата најбогати мажи во светот во вторникот доби нови размери, откако првиот човек на Тесла, Илон Маск, ги исмеа обидите на Џеф Безос да го оспори неговиот голем договор со НАСА.

Двајцата милијардери кои се обидуваат да лансираат орбитални ракети со долг дострел се бореа за атрактивниот договор со американската влада за изградба на вселенски брод што ќе превезува астронаути на Месечината можеби уште во 2024 година.

Маск победи, а Безос не е среќен поради тоа.

Неговата компанија Блу ориџин во понеделникот се жалеше до надлежната владина канцеларија обвинувајќи ја американската вселенска агенција НАСА за промена на условите на тендерот во последен момент.

Маск, кој го води и Спејсекс, возврати на Твитер: „Не може да се дигне (до орбитата), умирам од смеа“.

Тој дополнително не го објасни твитот.

Блу ориџин заостанува далеку зад Спејсекс и Јунајтед лонч алајанс (УЛА) во превозот до орбитата, што резултираше со загуба на милијарда долари вредни договори за лансирање од 2022 година.

УЛА е заедничка инвестиција на Боинг Ко и Локид Мартин Корп.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk