И луѓето се во тешка ситуација
Повеќе од 200 слонови загинале во Кенија поради суша во периодот од февруари до октомври оваа година, соопштиле властите. Кенија, како една од главните туристички дестинации во Африка, веќе 40 години се соочува со суша, додека гладот погодува околу четири милиони луѓе од вкупно 50 милиони жители.
- Сушата предизвика смрт на диви животни, главно тревопасни, бидејќи немаше доволно храна и вода - соопшти Министерството за туризам.
Од февруари до октомври 2022 година, 205 слонови умреле поради недостиг на вода низ целата земја, како и 512 биволи, 381 зебра, 12 жирафа и 51 бизон.
Кенија минатата година имаше повеќе од 36.000 слонови.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата