logo
logo
logo

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ГЛЕТКА: Брутален масакр на делфини поради традиција - ги мачеле, па ги убиле (ФОТО+ВИДЕО)

Vecer | 15.09.2021

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ГЛЕТКА: Брутален масакр на делфини поради традиција -  ги мачеле, па ги убиле (ФОТО+ВИДЕО)

На Фарските Острови и годинава беше организиран масовен лов на делфини и китови. Масакрот на овие животни, на кои повеќето локалци гледаат како дел од културното наследство, годинава бил особено брутален.

Не само што се убиени најмногу животни во историјата на оваа крвава традиција, туку и долго се мачеле пред животот да им заврши.

Традиционалниот масакр или „гриндадрап“ се случил ноќта на 12 септември. Во масовниот колеж биле убиени 1.428 делфини на плажата Скалаботнур на Фарските Острови.

Делфините претходно биле натерани да впливаат во плитките води на плажата на островот Ејстурој, каде со часови безуспешно се обидувале да избегаат пред да ги убијат.

Овој масакр бил толку брутален што го критикуваат и оние кои отворено признаваат дека се китоловци, пишува организацијата „Морски овчар“, која со години се бори против ловот на китови. Тие наведуваат дека неодамна завршениот лов е „најголемиот поединечен масакр на делфини и китови во историјата на Фарските Острови“.

Локалното население на социјалните мрежи споделува снимки и фотографии од мртвите делфини истакнувајќи дека со овој чин се прекршени неколку закони кои важат на Фарските Острови, пред сè дека ловот не делфините, освен ако не е неопходен, никогаш не е дозволен.

Исто така, многу учесници на овој бизарен ритуал немале дозвола за лов, која е задолжителна на Фарските Острови, а која подразбира и специјална обука за тоа како брзо да се убијат китовите и делфините за да не се мачат. Меѓутоа, на снимките се гледа дека многу делфини биле живи откако од чамците биле префрлени на копното со другите мртви од јатото.

За тоа за каков масакр станува збор најдобро зборува следниот податок – за време на само една ноќ на Фарските Острови се убиени речиси идентичен број делфини колку што јапонската влада дозволува како квота за шестмесечен лов во озлогласениот залив Таиџи.

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk