На социјалните мрежи кружат видеа на кои се гледа како воз со голема брзина поминува покрај неколку станици.
Извештаите покажуваат дека возот вчера сообраќал без машиновозач од Катуа во Џаму и Кашмир до областа Хошиарпур во Пенџаб. Од железницата тврдат дека возот бил запрен и дека немало повредени.
Официјални лица изјавија за новинската агенција Press Trust of India дека инцидентот се случил вчера помеѓу 7:25 и 09:00 часот по локално време. Возот со 53 вагони, кој превезувал иверка, бил на пат кон Пенџаб од Џаму кога застанал во Катуа за промена на екипажот.
Официјалните лица велат дека возот почнал да се движи по пругата откако машиновозачот и неговиот помошник се симнале. Возот се движел со брзина од речиси 100 km/h и поминал низ пет станици пред да биде запрен.
BIG BREAKING 🚨
— Ashish Singh (@AshishSinghKiJi) February 25, 2024
A goods train ran 78 KM without a driver from Kathua in Jammu and Kashmir. In Hoshiarpur, Punjab, it was stopped by installing wooden stoppers.
Actually, at Kathua, the driver got down from the start engine without applying hand brake. Due to the slope, the… pic.twitter.com/OQgUkxAgF5
Набргу откако биле предупредени за возот во движење, официјалните лица ги затвориле железничките премини по неговата патека.
„Возот беше запрен откако службеник на железницата постави дрвени блокови на пругата за да го запре возот“, рекоа официјалните лица, објаснувајќи дека дрвените блокови помогнале да се намали брзината на „возот во бегство“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата