logo
logo
logo

Војската во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во глава

Vecer | 26.03.2021

Војската во Мјанмар им се закани на демонстрантите дека ќе им пука во глава


Воената хунта во Мјанмар предупреди денеска дека припадници на нејзините сили ќе пукаат во главата на демонстрантите, објави државната телевизија.

„Треба да знаете дека може да бидете во опасност да ве застелаат во главата и грбот“, соопшти водителот на МРТ, пренесува „Ројтерс“, истакнувајќи дека ова е прво признание дека имало наредба за пукање да се убие.

Претходно денес, безбедносните сили на Мјанмар застрелаа и убија тројца демонстранти против владејачката воена хунта.

Според сведоците, две лица биле застрелани во главата.

Најмалку 320 лица се убиени во судири од воениот удар на 1 февруари, според активистите на Здружението за помош на политичките затвореници.

Светската банка претходно предупреди дека домашниот бруто-производ на Мјанмар годинава може да падне 10 % поради кризата во таа земја.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk