logo
logo
logo

Воен авион се срушил во Мјанмар, загинаа 12 лица меѓу кои и будистички монаси

Vecer | 10.06.2021

Воен авион се срушил во Мјанмар, загинаа 12 лица меѓу кои и будистички монаси

Се сруши воен авион во близина на вториот по големина град во Мјанмар, Мандалај, при што загинаа 12 лица, се вели во соопштението на градската противпожарна служба на социјалните мрежи.

Авионот летал од главниот град Најпијадава до градот Пиин Оо Луин, и се срушил при слетувањето и се урнал на околу 300 метри од фабриката за челик, објави воената телевизија Мјавади.

Во авионот имало шест воени лица, како и монаси кои требало да присуствуваат на церемонијата во будистичкиот манастир, објавија другите медиуми.

Нема жртви на теренот. Пилотот и еден патник преживеале и биле пренесени во воена болница, според граѓаните и објавите на социјалните мрежи.

Сè уште не е јасно што ја предизвикало несреќата. Фотографиите на социјалните мрежи покажуваат дека страната на авионот е сериозно оштетена.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk