logo
logo
logo

Водител се извини поради изјавата дека треба да се убијат ментално заболените бездомници

Vecer | 15.09.2025

Водител се извини поради изјавата дека треба да се убијат ментално заболените бездомници

За време на сегментот за убиството на Украинка од страна на Афроамериканец со ментални здравствени проблеми, ко-водителот на Килмид, Лоренс Џонс, рече дека ментално болните бездомници треба или да влезат во програми за лекување или да бидат затворени.

Килмид додаде дека „смртоносна инјекција или нешто слично би функционирало“.

„Само убијте ги“, рече тој, според Ројтерс.

Килмид се извини за коментарот.

„Се извинувам за таа екстремно нечувствителна забелешка. Сфаќам дека не сите ментално болни бездомници се однесуваат како што се однесувал сторителот во Северна Каролина и дека многу бездомници заслужуваат наша емпатија и сочувство“, рече водителот на „Фокс њуз“.

34-годишен маж со долго криминално досие е обвинет за убиството на украинската бегалка Ирина Заруцка во воз во Северна Каролина, а неговата мајка изјави за локалната телевизија дека претходно присилно го хоспитализирала и дека му е дијагностицирана шизофренија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk