logo
logo
logo

Најмалку 22 жртви, од кои повеќето жени загинаа во пожар во зграда во Џакарта- една од нив била бремена

Vecer | 09.12.2025

Најмалку 22 жртви, од кои повеќето жени загинаа во пожар во зграда во Џакарта- една од нив била бремена

Шефот на полицијата во Џакарта, Сусатја Пурнома Кондра, изјави дека пожарот во седумкатната зграда во индонезискиот главен град избувнал околу пладне по локално време, додека некои работници ручале, објави Ројтерс.

Полицијата верува дека пожарот започнал откако експлодирала батерија на првиот кат од зградата, во која се наоѓала компанија за беспилотни летала, пред да се прошири на повисоките катови.

Сусатја рече дека повеќето од загинатите биле жени, од кои една била бремена, и дека веројатно починале од вдишување чад, а не од изгореници.

Дваесет и осум противпожарни возила и околу 100 лица биле вклучени во гаснење на пожарот, а вработените во зградата биле спасени со помош на воздушни скали.

Сусатјо рече дека пристапот до шестиот кат, откако пожарот бил изгаснат, бил „особено тежок“. Тој рече дека полицијата „сè уште собира информации“, но засега „се фокусира на идентификување на жртвите што се пронајдени“. Компанијата за која се сомнева дека е местото на пожарот е индонезиската подружница на јапонската компанија „Тера Дроун Корпорејшн“, која обезбедува услуги со дронови за индустриски клиенти, од воздушно снимање и мапирање до инспекција и земјоделство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk