logo
logo
logo

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на Имамоглу

Vecer | 27.03.2025

Во Турција уапсени речиси 1.900 лица кои учествувале во протестите поради апсењето на Имамоглу

Имамоглу, главниот политички ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој имаше предност во некои анкети, беше уапсен во неделата и приведен во очекување на судењето поради обвиненија за корупција, објави Ројтерс.

Неговото апсење ги предизвика, како што објавија медиумите, најголемите антивладини протести во последната деценија во Турција.

Главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП) на Имамоглу, други опозициски партии, организации за човекови права и западни сили рекоа дека случајот против градоначалникот е „политизиран обид да се отстрани потенцијалната изборна закана за Ердоган“.

Владата негира какво било влијание врз судството и тврди дека судовите се независни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk