logo
logo
logo

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Vecer | 05.04.2025

Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа

Маск ова го изјави говорејќи преку видео врска во Фиренца на Конгресот на италијанската партија Лига.

Европа и САД би требало идеално да еволуираат, според мое мислење, кон ситуација со нула царини, со што ќе се создаде зона на слободна трговија меѓу Европа и Северна Америка“, рече Маск, додавајќи дека САД и Европа би можеле да воспостават многу блиско партнерство.

Маск зборуваше на состанокот на партијата предводена од Матео Салвини еден од поддржувачите на Маск.

Изјавата на американскиот мултимилијардер доаѓа три дена откако Трамп воведе царини од 20 отсто за стоките што пристигнуваат во САД од Европската унија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk