logo
logo
logo

Во Шпанија годинава се уапсени дури 95 џихадисти, властите загрижени

Vecer | 27.08.2025

Во Шпанија годинава се уапсени дури 95 џихадисти, властите загрижени

Особено загрижувачки е фактот што меѓу уапсените имало осум малолетници, што укажува на пораст на радикализацијата на младите луѓе, се вели во соопштението, објави Ла Разон.

Од вкупниот број џихадисти, 84 лица се уапсени во Шпанија и 11 во странство, во повеќе од педесет операции спроведени од шпанските безбедносни сили оваа година.

Со ова, вкупниот број на апсења од терористичките напади на 11 март 2004 година на железничката станица во Мадрид (11-М) се искачи на 1.357.

Операциите се спроведени во 12 од 17 автономни заедници, вклучувајќи градови како Фуенсалида (Толедо), Кревилент (Аликанте), Мелиља, Леганес (Мадрид), Падренда (Уренсе) и Санта Колома де Граманет (Барселона). Покрај националните операции, шпанската полиција, во соработка со меѓународни партнери, учествуваше и во операции во Еквадор, Португалија, Обединетото Кралство, Франција и Белгија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk