logo
logo
logo

Во Шпанија е уапсен 74- годишник, кој испраќал писма- бомби во амбасади и кај премиерот

Vecer | 25.01.2023

Во Шпанија е уапсен 74- годишник, кој испраќал писма- бомби во амбасади и кај премиерот

Писмата со бомбите биле испратени во периодот од 24 ноември до 2 декември до канцеларијата на шпанскиот премиер Педро Санчез, до украинската и американската амбасада во Мадрид, до владините канцеларии и до компанија поврзана со Европската унија.

Мажот е уапсен во северниот шпански град Миранда де Ебро, изјави извор за агенцијата Франс прес без да даде дополнителни детали. Осомничениот е уапсен откако Њујорк тајмс објави дека истрагата во последните недели била фокусирана на Руското Царско движење, радикална група поврзана со екстремно десничарски шпански организации, во врска со писмата- бомби.

Се верува дека групата е поврзана со руските разузнавачки агенции.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk