logo
logo
logo

Во Русија вакцинацијата со „епивак корона“ почнува во втората половина на март

Vecer | 05.03.2021

Во Русија вакцинацијата со „епивак корона“ почнува во втората половина на март


Имунизацијата со вакцината „епивак корона“, развиена од рускиот Државен истражувачки центар за вирологија и биотехнологија „Вектор“, ќе започне во втората половина на март, изјави генералниот директор на центарот, Ринат Максиутов за „Русија-1“ Вести.

„Нашите сограѓани ќе можат да се вакцинираат (со „епивак корона“) почнувајќи од втората половина на март“, рече тој, пренесе ТАСС.

Во октомври 2020 година, „епивак корона“ стана втората вакцина против коронавирус регистрирана во Русија. Вакцината се состои од вештачки синтетизирани кратки фрагменти на вирусни протеини – пептиди, кои придонесуваат имунолошкиот систем да го препознае и неутрализира вирусот.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk