logo
logo
logo

Во прекуморска операција уапсен внукот на Фетулах Ѓулен

Vecer | 31.05.2021

Во прекуморска операција уапсен внукот на Фетулах Ѓулен


Турски агенти во прекуморска операција го уапсиле Селахадин Ѓулен, внук на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен и го довеле во Турција, каде што го чека судење, пренесе агенцијата „Анадолија“.

Селахадин Ѓулен, кого Турција го бараше под обвинение дека е припадник на терористичка организација, бил фатен во операција на турската национална разузнавачка агенција МИТ.

Агенцијата додава дека не е познато каде бил фатен или кога бил вратен во Турција, но се претпоставува дека тој живеел во Кенија.

Случајот е последен во низата присилни враќања на луѓе блиски до движењето на Ѓулен, кое турската влада го обвинува за обидот за државен удар во 2016 година, потсетува агенцијата АП.

Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, ги негираше обвинувањата за вмешаност во обидот за пуч.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk