Расте бројот на жртви од поплавите и свлечиштата во Италија.
Во централна и источна Италија загинаа 10 луѓе, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на државното радио. Десетици преживеани се качиле на покривите на нивните куќи или на дрвја, чекајќи спасувачки тимови. По неколку луѓе има потрага, а меѓу нив има и деца.
Во општина Барбара, водата однела едно дете додека билом во прегратките на мајка си, јави италијанската новинска агенција АНСА.
Во август годинава имаше слично невреме во Италија, но и во други европски земји.
Видеото можете да го видите тука.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата