logo
logo
logo

Во немирите во Узбекистан загинаа 18 луѓе

Vecer | 04.07.2022

Во немирите во Узбекистан загинаа 18 луѓе

Узбекистанската национална гарда денеска соопшти дека 243 луѓе побарале медицинска помош по немирите во Каракалпакстан, што избија минатата недела по најавата дека ќе се намали автономијата на покраината.

По немирите приведени се 516 демонстранти.

Поради немирите узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијојев вчера воведе вонредна состојба во покраината, што е во сила до 2 август и го отфрли усвојувањето на уставните измени.

Како што е наведено во документот, неопходно е да се формира команда на територијата на Каракалпакстан, на чело со командантот на Националната гарда Рустам Џајев. За периодот на вонредната состојба, претседателот, исто така, нареди да се зајакне заштитата на јавниот ред во Каракалпакстан, особено важните и категоризирани објекти, да се воведат ограничувања на слободата на движење, вклучително и на возилата, да се обезбеди проверка на документите, лични претреси, како и да се ограничи влез и излез од Каракалпакстан.

Забрането е организирање и одржување мирни собири, забавни, спортски и други јавни настани, како и продажба на оружје и муниција. Истовремено, наредил привремено одземање на оружје и муниција од физички лица.

Каракалпакстан е широк, доминантно пустински регион во северозападниот дел на Узбекистан и е дом на Каракалпаците, посебна етничка малцинска група со свој јазик. Според актуелниот Устав на Узбекистан, Каракалпакстан е суверена република со право на отцепување преку одржување референдум.

Но, според новата верзија на уставот, за што  Узбекистанците ќе се изјаснат на референдум, не се споменува суверенитетот на Каракалпакстан или неговото право на отцепување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk