Неговиот кабинет, во кратко соопштение, објави дека тој бил убиен во ракетен напад лансиран од Израел и Соединетите Американски Држави, заедно со неколку негови соработници.
Заедно со Али Хамнеи, почина и Ахмадинеџад, шестиот претседател на Иран кој ја водеше земјата од 2005 до 2013 година.
Поранешниот претседател на Иран и сегашен член на Советот за целесообразност, Махмуд Ахмадинеџад, беше убиен во жесток воздушен напад на израелските и американските сили врз населбата Нармак во Техеран.
Според информациите од новинската агенција ИЛНА, Ахмадинеџад е убиен во својата резиденција заедно со целото негово обезбедување за време на директен удар врз овој дел од главниот град. Ахмадинеџад, шестиот претседател на Иран кој ја водеше земјата од 2005 до 2013 година.
Ова доаѓа во време на опасна воена ескалација во регионот, со отворени судири меѓу Иран од една страна и САД и Израел од друга страна, што ги зголемува стравувањата дека конфликтот би можел да се прошири на целиот регион.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата