logo
logo
logo

Во Јужна Африка можно е воведување на задолжителна вакцинација против Ковид-19

Vecer | 29.11.2021

Во Јужна Африка можно е воведување на задолжителна вакцинација против Ковид-19

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса  изјави дека властите размислуваат за задолжителна вакцинација против Ковид-19 за граѓаните на одредени работни места, поради зголемувањето на бројот на заболени, кои засега се поврзуваат со појава на новиот сој Омикрон.

Тој, исто така, рече дека властите не размислуваат за економско заклучување и ги критикуваше богатите западноевропски земји за воведување забрани за летови од ЈАР поради појавата на новиот сој.

– Доколку бројот на пациенти продолжи да расте, четвртиот бран може да го очекуваме во следните неколку недели, ако не и порано. Анализираме да ги направиме вакцините задолжителни за работниците, луѓето кои сакаат да одат на јавни настани, јавен превоз и некои други места, истакна Рамафоса.

Јужноафриканските власти се лути затоа што Британците забранија летови од Јужна Африка, што го направија и неколку други земји.

Ова е јасно отстапување од ветувањата дадени од многу земји на неодамнешниот состанок на Г-20 во Рим. Забраната за патување не е под покровителство на науката, ниту ќе биде ефикасна за спречување на нов вид. Тоа само ќе предизвика економска штета на погодените земји и ќе им отежне да одговорат на пандемијата, нагласи Рамафоса. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk