logo
logo
logo

Во југозападна Кина откриена златна маска стара 3.000 години

Vecer | 23.03.2021

Во југозападна Кина откриена златна маска стара 3.000 години

На археолошки локалитет во кинеската провинција Сечуан, археолозите пронашле остатоци од златна маска стара 3.000 години. Маската тежи околу 280 грама и се проценува дека е направена од 84 проценти злато, пишува Си-ен-ен.

„Оваа церемонијална маска е еден од над 500 предмети што ги ископаа археолозите од шест новооткриени ‘жртвени јами’“, соопшти Управата на национално наследство.

Артефактите се пронајдени во Санџингдуи, област што зафаќа 11,9 квадратни километри и се наоѓа недалеку од главниот град на провинцијата Сечуан, Ченгду.

Некои експерти веруваат дека новооткриените предмети би можеле да бидат извор на нови сознанија за древната држава Шу, кралство што владеело со западниот слив на Сечуан, сè додека не било освоено во 316 година п.н.е. Покрај златната маска, археолозите откриле и златни фолии, како и артефакти изработени од бронза, жад и слонова коска.

Неотворена дрвена кутија и бронзен сад во облик на був исто така биле откриени во шесте јами, од кои најголемата има 19 квадратни метри.

Повеќе од 50.000 древни артефакти се пронајдени во Санџингдуи, почнувајќи од 20-тите години на минатиот век. Тогаш еден локален земјоделец налетал на голем број скапоцености. Во 1986 година, таму беа пронајдени две големи јами со повеќе од 1.000 скапоцени артефакти, вклучувајќи и добро сочувани бронзени маски.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk