logo
logo
logo

Во израелските напади врз Рафа загинаа 13 лица

Vecer | 21.04.2024

Во израелските напади врз Рафа загинаа 13 лица

Израел речиси секојдневно извршува напади врз Рафа, каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се засолнија од борбите во други делови на палестинската територија.

Израел, исто така, најави дека ќе ја прошири својата копнена офанзива кон градот, кој се наоѓа на границата со Египет, и покрај меѓународните повици за воздржаност, вклучително и апелите од САД.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес синоќа како дел од поширокиот пакет помош, одобри 26 милијарди долари за Израел, од кои девет милијарди долари се наменети за хуманитарна помош за Газа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk