logo
logo
logo

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе

Vecer | 17.04.2026

Во израелски напад врз либанскиот град Тир загинаа најмалку 13 луѓе

При нападот погодени се четири згради во центарот на Тир.

- Досега пронајдовме 13 тела и веруваме дека повеќе од 20 лица сè уште се заробени под урнатините. Повеќе од 35 лица се повредени, а операциите за пребарување и спасување се во тек - изјави раководителот на Цивилната одбрана во Тир, Муса Насралах за Германската новинска агенција (ДПА).

Тој додаде дека нападите се случиле неколку минути пред да стапи во сила примирјето.

Израелската армија сè уште не го коментирала нападот.

Израел и Либан вчера со посредство на САД договорија десетдневен прекин на огнот. Примирјето помеѓу Израел и Либан стапи во сила на полноќ по локално време. Борците на Хезболах напаѓаа цели во северен Израел се до почетокот на примирјето, додека израелските напади врз либанските населени места траеја уште 30 минути по стапувањето во сила на договорот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk