logo
logo
logo

Во Хрватска 1.673 новозаразени со коронавирус, 10 починати

Vecer | 25.03.2021

Во Хрватска 1.673 новозаразени со коронавирус, 10 починати


Во последните 24 часа, регистрирани се 1.673 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 8.407.

Меѓу нив, 1071 пациент се во болница, од кои 100 се на апарати за дишење. Починале 10 лица.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 262.309 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 5.838 починале, вкупно 248.064 оздравеле, од кои 856 во последните 24 часа.

Во моментов има 26.694 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 1.503.437 лица, од кои 8.396 во последните 24 часа.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk