logo
logo
logo

Во Германија се уапсени тројца кинески шпиони

Vecer | 22.04.2024

Во Германија се уапсени тројца кинески шпиони

„Уапсените лица се обвинети за предавање на чувствителни технолошки информации на кинеската тајна служба, кои се употребливи и во воениот сектор“, се вели во соопштението на државното обвинителство.

Тројцата уапсени, двајца мажи и една жена, во моментот на апсењето преговарале за истражувачки проекти кои би можеле да послужат за модернизирање и зголемување на борбената моќ на кинеската морнарица, според обвинителите.

Членови на бирото за борба против криминалот ги уапсија Хервиг Ф,. Ина Ф. и Томас Р. во Дизелдорф и Бад Хомбург во западна Германија.

Брачниот пар Хервиг и Ина, по налог на Томас Р., кој бил во контакт со кинеската тајна служба МСС, преку нивната компанија оствариле контакти со истражувачки центри со кои е подготвен договор за соработка, што е вообичаено кога станува збор за соработка меѓу економијата и науката.

Конкретно, експертиза во областа на погонската технологија за воени бродови била преговарана со германски универзитет. Покрај тоа, ласерски уред е доставен во Кина по налог на MSS, кој спаѓал во извозните артикли што се користат во цивилниот и воениот сектор.

Германскиот министер за правда Марко Бушман рече, посочувајќи на неодамнешното откритие на руски шпиони во Германија, дека земјата е под зголемен напад од странски шпиони.

„Кој е активен во Германија како шпион и ги снабдува странските сили со материјал што потенцијално може да се користи за воени цели, мора да очекува решителен одговор од владеењето на правото“, рече Бушман.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk