logo
logo
logo

Внатрепартиски избори на Републиканската партија: Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон

Vecer | 04.03.2024

Внатрепартиски избори на Републиканската партија: Прв пораз на Трамп, Хејли победи во Вашингтон

Поранешниот американски претседател и фаворит за републиканска претседателска номинација, Доналд Трамп вчера го доживеа првиот пораз на партиските прелиминарни избори, додека Хејли победи во Вашингтон.

Хејли ги освои гласовите на сите 19 делегати во Вашингтон.

Таа рече дека ќе остане во трката за републиканска номинација барем до прелиминарните избори во вторник во 16 американски држави.

Портпаролката на Хејли, Оливија Перез-Кубас, истакна дека Хејли станала првата жена што победила на републикански прелиминарни избори.

Досега во тековната кампања Трамп има поддршка од 244 делегати, додека Хејли има поддршка од 43 делегати. На кандидатот му е потребна поддршка од 1.215 делегати за да ја добие републиканската номинација. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk