„Порано или подоцна, мислам дека многу наскоро, нашите редовни колеги Стив Виткоф и Кушнер ќе дојдат во Москва, и ние ќе го продолжиме дијалогот со нив“, рече Ушаков, пренесува Интерфакс.
Ушаков оцени дека Вашингтон не се откажува од прашањето за решавање на украинскиот конфликт, за што, како што се наведува, сведочат активните телефонски контакти меѓу САД и Русија.
Рускиот претседателски помошник синоќа изјави дека нема договор за продолжување на тридневниот прекин на огнот меѓу Русија и Украина.
„Не, имаше договор дека прекинот на огнот посветен на Денот на победата ќе трае три дена: 9, 10 и 11 мај“, рече Ушаков.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно во саботата изјави дека би сакал прекинот на огнот меѓу Русија и Украина да биде продолжен.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата