Инцидентот се случил додека мајката накратко ја напуштила собата.
На фотографиите се гледа големо полициско присуство пред болницата, која е опколена и блокирана.
Полицијата го претресува секој автомобил, ги проверува багажниците на возилата, како и корпите за отпадоци во болничкиот дел.
Како што пишува Heute, полицијата ги запира и велосипедистите, кои треба да покажат што имаат во ранците или торбите.
Потрагата по исчезнатото бебе е во тек низ болницата. Еден полицаец, исто така, го барал бебето, старо само неколку дена, во кутија за отпадоци до клиниката. Полицијата во моментов прави сѐ за што поскоро да го пронајде исчезнатото дете. Сепак, се вели дека семејството е во фокусот на истрагата. Меѓутоа, потрагата е проширена на целото градско подрачје.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата