Пожарот се случил во крајбрежниот град Вилајојоса во провинцијата Аликанте на истокот на земјата. Повеќето од повредените страдале од вдишување чад, но сега се безбедни и добро.
Според официјалните информации, загинале петгодишно дете и таткото и бабата на детето.
Службите за итни случаи соопштија дека пожарот избувнал во стан на 11-ти кат околу 2 часот по полноќ и бил изгаснат по околу пет и пол часа.
Причина за пожарот е преоптоварен штекер во дневната соба.
Вилајојоса е приморско одморалиште на Медитеранот со население од нешто помалку од 35.000 жители и се наоѓа во регионот на Валенсија.
Вкупно десет лица загинаа во големиот пожар во високите згради во истоимениот главен град на популарниот регион за одмор на 22 февруари. /МИА
Alicante ,españa pic.twitter.com/3oAWHc4xdO
— Elma Peña (@elmapena266) March 4, 2024
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата