logo
logo
logo

Видео: Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

Vecer | 04.10.2025

Видео: Триесетина повредени во руски напад со дрон врз патнички воз во Сумскиот регион

„Дивјачки руски напад со дронови врз железничката станица во Шостка, Сумиската област. Сите служби за итни случаи се веќе на местото на настанот и почнаа да им помагаат на луѓето. Сите информации за повредените се утврдуваат. Досега знаеме за најмалку 30 жртви“, рече Зеленски во објава на платформата X, пренесе Скај Њуз.

Украинскиот претседател на неговиот канал на платформата Телеграм, објавуви и видео од уништениот и запален патнички вагон и другите вагони со искршени прозорци.

Зеленски додаде дека на местото на ударот имало и вработени во Украинските железници и патници.

Регионалниот гувернер Олек Хрихоров рече дека во нападот бил погоден возот што се движел од Шостка кон главниот град Киев.

Лекарите и спасувачите интервенираат на местото на настанот, додаде тој.

Шефицата на локалната окружна администрација, Оксана Тарасјук, изјави за украинската телевизија дека околу 30 лица се повредени во нападот. Засега нема пријавени смртни случаи.

„Русите не можеа да не знаат дека целат цивили. Ова е тероризам што светот нема право да го игнорира“, напиша Зеленски.

Москва ги засили воздушните напади врз железничката инфраструктура на Украина, напаѓајќи ја речиси секој ден во последните два месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk