logo
logo
logo

Видео: Страшна снимка од Денвер, се запали Боинг со 178 патници!

Vecer | 14.03.2025

Видео: Страшна снимка од Денвер, се запали Боинг со 178 патници!

Драматично видео од аеродромот во Денвер!

Лет на „Американ ерлајнс“ принудно слета во Денвер откако се запали еден од неговите млазни мотори, принудувајќи ги патниците да го евакуираат авионот користејќи тобогани за итни случаи, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Авиокомпанијата потврди дека сите 172 патници и шестмина членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот, додека шест патници се пренесени во болница на дополнителни прегледи.

Летот 1006, кој летал од Колорадо Спрингс до Далас, бил Боинг 737-800. Екипажот пријавил силни вибрации на моторот, по што била донесена одлука да слета во Денвер, соопшти ФАА.

На социјалните мрежи се појавија драматични снимки на кои се гледаат патници како стојат на крилото на авионот додека од моторот излегува густ чад.

Американ ерлајнс соопшти дека авионот слетал безбедно, но потоа доживеал дефект на моторот. Според веб-страницата FlightRadar24, 13-годишниот авион имал два мотори CFM56, произведени во соработка помеѓу GE и Safran.

ФАА најави истрага, додека портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер потврди дека пожарот брзо бил изгаснат и летовите не биле прекинати.

Боинг одби да го коментира инцидентот и ги префрли сите прашања до Американ ерлајнс и истражителите. GE допрва треба да даде официјален коментар.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk