logo
logo
logo

Макрон ја повика Русија да го прифати американско-украинскиот предлог за прекин на огнот

Vecer | 14.03.2025

Макрон ја повика Русија да го прифати американско-украинскиот предлог за прекин на огнот

Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Русија да престане со изјави што, според него, само добива на време и да го прифати американско-украинскиот предлог за прекин на огнот во траење од 30 дена, како и да запре со воените дејствија во Украина.

- Утре ќе продолжиме да работиме на зајакнување на поддршката за Украина и за цврст и траен мир, изјави Макрон, потсетувајќи на видеоконференциската средба организирана од британскиот премиер Кир Стармер со земјите подготвени да ја поддржат Украина по евентуално примирје.

На состанокот, што ќе се одржи утре, ќе учествува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, со кого Макрон денеска телефонски разговарал. Францускиот претседател остварил разговор и со британскиот премиер.

Зеленски го оцени разговорот со Макрон како продуктивен и содржаен, нагласувајќи дека двајцата лидери ги разгледале техничките аспекти на надзорот врз спроведувањето на предложениот прекин на огнот во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk