Ова е првпат единицата да интегрира самоупраувачки копнени возила во својата новогодишна вежба.
Беспилотното копнено возило, наречено „Визија 60“ (Vision 60), е развиено од американската компанија „Гоуст роботикс“ (Ghost Robotics), пишува порталот „Кликс“.
Роботите и трупите - со околу 2.100 офицери од 14 земји, вклучувајќи ги САД и Австралија, учествуваа во вежбата, објави Јапонскиот радиодифузер „НТВ“. Всушност, станува збор за робот тежок 51 килограм којшто може да издржи 3,15 часа континуирано одење со брзина од 0,9 м/с, или 21 час во режим на подготвеност.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата