„Посебна порака до експертите за интернет и комуникации: Директни напади врз информациската инфраструктура на режимот за да можат нашите сонародници повторно да се поврзат со светот“, напиша Пахлави на социјалната мрежа X.
Тој додаде дека иранскиот режим се обидува да ги обесхрабри иранските демонстранти преку „жестока репресија, убиства и прекин на комуникацијата“.
Пахлави изјави дека дел од армијата и полицијата избегнуваат учество во задушувањето на протестите затоа што демонстрантите не се откажуваат.
„Но, знајте дека поради вашиот отпор и борба, илјадници припадници на армијата и полицијата не дојдоа на работа за да немаат улога во репресијата“, напиша Пахлави.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата