logo
logo
logo

(ВИДЕО) Поради короната не ја примале во болница па се породи среде улица

Vecer | 05.02.2021

(ВИДЕО) Поради короната не ја примале во болница па се породи среде улица

28-годишна Мексиканка морала да се породи на влезот од болница во јужно мексиканската држава Оахака, затоа што болницата во која дошла била полна со ковид пациенти.

Жената наводно чекала десет минути пред болница да биде примена, после неуспешните обиди на нејзиниот партнер да ги убеди вработените да ја примат, пренесува Дејли Меил.

Медицинските лица  ѝ рекле на родилката да почека пред болница, која била полна со пациенти заболени од коронавирус, а на снимката може да се види како лекарите и сестрите ја опколуват жената додека го раѓа својот син.

На снимката се гледа и куче кое во еден момент се приближува до насобраните да „припомогне“.

После породувањето бебето го замотуваат во ќебе и го внесуваат во болницата.

Мајката и нејзиното петто дете се во стабилна состојба, соопштило министерството за здравство во Оахака.

https://www.youtube.com/watch?v=8jlM_Em4wqM&feature=emb_title

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk