Властите ги повикаа жителите да останат во своите домови. Според градоначалникот, пожарот утринава е локализиран и не претставува закана за јавната безбедност, а евакуации не биле наредени.
„Пожарот сè уште не е целосно изгаснат и патиштата остануваат затворени“, се наведува во соопштение.
Компанијата соопшти дека нема повредени и дека целиот персонал е безбеден. Системите за набљудување покажале дека огнот не се проширил надвор од територијата на постројката. Причината за пожарот засега не е позната.
Полицијата и противпожарните служби не дадоа дополнителни детали. Од кабинетот на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, информираа дека внимателно ја следат состојбата и координираат активности со локалните власти.
Ел Сегундо се наоѓа на 1,6 километри јужно од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. Градоначалничката Карен Бас порача на „Икс“ дека аеродромот не е засегнат.
Massive explosion of an oil refinery near El Segundo LA pic.twitter.com/FswK48Ocja
— Sri Shenoy (@Sri_Shenoy) October 3, 2025
Рафинеријата работи од 1911 година и има капацитет за преработка на 290.000 барели сурова нафта дневно, вклучително бензин, млазно и дизел гориво, наведува компанијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата