logo
logo
logo

Видео: Најмалку три лица загинаа во пожар за време на демонстрации во Индонезија

Vecer | 30.08.2025

Видео: Најмалку три лица загинаа во пожар за време на демонстрации во Индонезија

Најмалку три лица загинаа во пожар што го подметнаа демонстранти во зградата на градскиот совет во индонезискиот град Макасар, откако низ земјата избувнаа демонстрации поради смртта на таксист на мотор кој за време на претходните протести беше прегазен од полициско возило, јави денеска „Гардијан“.

Во протестите во Макасар, во источниот дел на Индонезија, беа запалени зградите на покраинскиот и локалниот градски совет, како и возила врз кои демонстрантите фрлале камења и молотови коктели.

Секретарот на градскиот совет, Рахмат Мапатоба, рече дека три лица загинале во пожарот што го предизвикале демонстрантите, бидејќи „биле заробени во запалената зграда“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk