logo
logo
logo

(ВИДЕО) Милионскиот град прекриен со опасна песочна бура

Vecer | 28.03.2021

(ВИДЕО) Милионскиот град прекриен со опасна песочна бура

Главниот град на Кина, Пекинг, утрово осамна покриен со песок со многу опасни честички донесени од пустинска бура од Монголија и северозападна Кина. Властите на Пекинг потврдија дека песочната бура донела големо количество опасни честички познати како ПМ10, кои продираат во органите за дишење, и ПМ2,5 честички, кои можат да влезат и во крвотокот, објави Ројтерс.

[embed]https://www.youtube.com/watch?time_continue=60&v=yuzBFJO7bcI&feature=emb_title[/embed]

Видливоста во Пекинг е намалена, врвовите на некои облакодери не се видливи поради облаците од песок, а пешаците ги покриваат очите обидувајќи се да се пробијат низ песокот и прашината.

Кинеската метеоролошка служба во петокот издаде жолт метеоролошки аларм, предупредувајќи на доаѓањето на песочната бура од Монголија.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=l93rPhxOC6E&feature=emb_title[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk