logo
logo
logo

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Vecer | 04.05.2021

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес, во бразилската држава Санта Катарина.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=ySn6uxoYsig[/embed]

Децата во градинката, како што се наведува, биле помали од две години.

Во нападот, според информациите од медиумите, повредено е и уште едно дете, како и жена. Тие се пренесени во болница и се наоѓаат во многу тешка состојба. Осомничениот е уапсен и е сериозно повреден, пренесува бразилски „Глобо“.

Не се познати причините за нападот. Во тек е истрага.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk