Лавата од вулканот Нирагонго запре утрово на неколку стотици метри од периферијата на градот Гома, на истокот од Демократска Република Конго.

Според репортерот на „Ројтерс“ од местото на настанот, градот на езерото со околу два милиони жители минатата ноќ бил во паника.

Илјадници избегаа пеш кон соседната граница со Руанда.

„Локалните власти кои ја следеа ерупцијата објавија дека протокот на лава го изгубила својот интензитет“, напиша владиниот портпарол Патрик Мујаја на Твитер.

Претходната ерупција на Нирагонго во 2002 година уби 250 лица, а 120.000 лица останаа без домовите.

Тој е еден од најактивните вулкани во светот и се смета за еден од најопасните.

makfax.com.mk