logo
logo
logo

(Видео) Хаос на протест во Црна Гора – автомобил во кој била ќерката на премиерот покоси демонстранти

Vecer | 08.04.2021

(Видео) Хаос на протест во Црна Гора – автомобил во кој била ќерката на премиерот покоси демонстранти


Службен владин автомобил турнал и повредил демонстранти во близина на Богетиќи во Црна Гора, се гледа на кратко видео направено од порталот АнтенаМ.

Премиерот, Здравко Кривокапиќ, потврди дека во возилото се наоѓала неговата ќерка, инаку заштитено лице во таа ситуација.

„Како татко, нема да ги заборавам нејзините солзи и страв. Како премиер, нема да ви дозволам дивјаштво и беззаконие! Во земјата ќе има ред и закон на кој не сте навикнати. Ќе го видите тоа наскоро“, најавил премиерот непосредно по инцидентот, а откако многу Црногорци излегоа на улиците низ целата земја.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=KBYrMvGicsI[/embed]

Демонстрантите се револтирани од одлуката на владата за промена на Одлуката за критериуми за стекнување на црногорско државјанство со прием и Законот за регистар на престојувалишта и живеалишта.

Опозициските приврзаници ја обвинуваат владејачката партија дека се обидува значително да ги промени избирачките списоци, токму преку промената на регулативите за државјанство, престојувалиште и живеалиште, а тоа, како што велат, би ги загрозило темелите на суверена и независна Црна Гора.

Според нивните проценки, околу 40.000 црногорски граѓани во дијаспората ќе го загубат правото на глас, додека околу 35.000 луѓе од Србија, Русија и Босна и Херцеговина ќе го добијат тоа доколку се реализираат ваквите замисли.

Ова беше причина за масовни протести и блокади на патиштата низ Црна Гора. Кривокапиќ го обвинува претседателот Мило Ѓукановиќ дека стои зад ваквите нереди, а тој ги нарече „инсинуациите“ на премиерот „крајно неморални“.

Управата на црногорската полиција објави дека ги утврдува околностите под кои се случил инцидентот на магистралниот пат Никшиќ-Подгорица, кај местото Богетиќи.

Според порталот РТЦГ, инцидентот се случил кога владино службено возило марка „мерцедес“, со регистарски ознаки ПГ-ЦГ-301, наводно поминало низ насобраните граѓани, кои се движеле кон Подгорица, за да присуствуваат на протестот пред зградата на владата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk