logo
logo
logo

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Vecer | 01.03.2021

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат да ги уверат граѓаните дека вакцината на „Астразенека“ е исто толку безбедна како и другите.

Залихите на вакцини на британско-шведската компанија се неискористени во двете земји, што ја забавува борбата против пандемијата.

Во Франција биле употребени само 273.000 дози од вакцината на „Астразенека“, од 1,7 милиони примени до крајот на февруари, според Министерството за здравство.

Двете земји не ја одобрија вакцината за лица постари од 65 години, предизвикувајќи сомнеж за нејзината ефикасност во однос на ефикасноста на вакцините произведени од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=-DjnZSI5_vA[/embed]

Францускиот министер за здравство Оливие Веран, кој и самиот е лекар, беше вакциниран со вакцината во живо на телевизија за да ги увери граѓаните во нејзината ефикасност и безбедност.

Во Германија се повикуваат да се олеснат приоритетните списоци за вакцинација за да не пропаднат вакцините на „Астразенека“. До 23 февруари, 1,45 милиони дози на вакцината биле доставени во Германија, а искористени биле само 240.000.

Германската канцеларка Ангела Меркел задутре ќе се сретне со лидерите на 16 региони за да разговара за следните чекори во борбата против пандемијата. Во едно интервју минатата недела, Меркел ја пофали вакцината на „Астразенека“ како „доверлива вакцина“, повикувајќи ги Германците да не бидат пребирливи.

Но, таа нема да биде вакцинирана со таа вакцина, бидејќи има 66 години.

Германската комисија за вакцини – СТИКО, наскоро ќе објави нова препорака за вакцината, откако истражувањето покажа дека е ефикасна за старите лица, рече во петокот претседателот на комисијата, Томас Мертенс.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk