logo
logo
logo

Видео: Десетици загинати откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република

Vecer | 09.04.2025

Видео: Десетици загинати откако се урна кров на ноќен клуб во Доминиканската Република

Според Би-Би-Си, загинале најмалку 98 лица, а 150 се повредени.

Делови од кровот се урнале врз посетителите на концертот на пејачот Руби Перез.

Весникот Listín Diario‘, цитирајќи го менаџерот на Перез, објави дека загинал и музичарот. Локалните власти првично не ја потврдија информацијата. Перез, кој беше популарен во Латинска Америка, првично беше пријавен меѓу повредените.

Во несреќата загина и регионалната гувернерка на провинцијата Монте Кристи, Нелси Круз, објави нејзиниот брат на Инстаграм.

Почина и поранешниот бејзбол играч Тони Бланко, кој играше во САД девет години и уште осум во Јапонија, соопшти бејзбол лигата.

Причината за уривањето на кровот се уште е нејасна.

Повеќе од 300 спасувачи бараат затрупани жртви под урнатините со помош на термални камери.

- Се додека има уште надеж, ќе продолжиме да работиме. Има знаци кои нè наведуваат да веруваме дека сè уште може да има преживеани, рече Мендез и додаде дека властите нема да се откажат се додека и последниот човек не биде извлечен од урнатините.

Претседателот на Доминиканската Република Луис Абинадер го посети местото на катастрофата. „Длабоко жалиме за трагедијата во ноќниот клуб Џет Сет“, напиша тој на X.

- Сите спасувачи ја даваат потребната поддршка и неуморно работат на спасувањето. Нашите молитви се со семејствата на погодените, додаде тој. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk