logo
logo
logo

Трамп откри дали ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Vecer | 21.04.2025

Трамп откри дали ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Трамп откри дали ќе присуствува на погребот на папата Франциско

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека тој и неговата сопруга Меланија ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во Рим.

„Јас и Меланија ќе одиме на погребот на папата Франциско. Чест ни е што сме таму“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој претходно денеска изјави дека не е сигурен дали ќе присуствува на погребот на папата Франциско, за кого рече дека е „многу добар човек“.

„Сè уште не знам. Веднаш ќе бидете информирани за тоа“, им рекол Трамп на новинарите во Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен.

Запрашан дали би сакал да присуствува на погребот на папата Франциско, Трамп рече дека „мора да го разгледа“ неговиот распоред.

Претходно денеска американскиот претседател нареди знамињата во САД да бидат спуштени на половина копје, во чест на смртта на папата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk