Јужната команда на САД (SOUTHCOM) на платформата X соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во Источниот Пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“.
Информациите не можеа независно да се потврдат, пренесе германската агенција.
Според SOUTHCOM, четворицата мажи биле убиени во „смртоносниот кинетички напад“. Војската објави кратко видео за кое, како што рече, го прикажува нападот, а снимки од воздух прво го покажуваат ударот, а потоа и бродот во пламен.
Од септември, американските сили постојано напаѓаат бродови во Карибите и источниот Пацифик за кои велат дека носат дрога, повикувајќи се на разузнавачки проценки. Војската јавно не доставила докази за да ги потврди тврдењата, потсетува ДПА.
On Dec. 17, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by a Designated Terrorist Organizations in international waters. Intelligence confirmed that the vessel was transiting along a known… pic.twitter.com/Yhu3LSOyea
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 18, 2025
Американските медиуми наведуваат дека досега во операциите се убиени повеќе од 90 лица. Американската администрација ги опиша убиените како шверцери на дрога и „терористи“, но нападите предизвикаа остри критики.
Експертите за човекови права на ОН изјавија дека операциите може да го прекршат меѓународното право, опишувајќи ги убиствата како незаконски вонсудски убиства, потсетува ДПА.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата