logo
logo
logo

Белата куќа објави слика со кучиња со санки на крстопат: На која страна, човеку од Гренланд?

Vecer | 14.01.2026

Белата куќа објави слика со кучиња со санки на крстопат: На која страна, човеку од Гренланд?

 Белата куќа објави слика, која очигледно е генерирана со вештачка интелигенција, на која се прикажани кучиња со санки на крстопат, со цел да го нагласи ставот на американскиот претседател Доналд Трамп за време на клучната средба за иднината на Гренланд.

Сликата објавена на платформата X го носи насловот „На која страна, човеку од Гренланд?“ (Which way, Greenland man?) и прикажува две гренландски санки влечени од кучиња – едната насочена кон Белата куќа, а другата кон Кина и Русија. Сонцето сјае над Белата куќа, додека над Кремљ и Кинескиот ѕид беснее бура.

Трамп ги омаловажи напорите на Данска да ја зајакне безбедноста на Гренланд, изјавувајќи неколку пати дека „две кучешки запреги“ не се доволни за одбрана на Арктикот.

Тој го бара Гренланд за Соединетите Американски Држави, наведувајќи ги безбедносните прашања и наводната закана од Русија и Кина во регионот. Трамп денеска на својата платформа Truth Social напиша дека Гренланд треба да биде „во рацете“ на Соединетите Американски Држави.

- Сè помалку од тоа е неприфатливо, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk