logo
logo
logo

Видео: Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога

Vecer | 05.12.2025

Видео: Американската војска уби четири лица во најновиот напад врз брод за шверц на дрога

Бродот наводно бил управуван „од назначена терористичка организација“ и носел наркотици по позната рута за шверц.

„Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, соопшти SOUTHCOM на X.

Американските сили во текот на изминатите неколку месеци извршија слични напади врз бродови наводно полни со дрога во Карибите и Пацификот, честопати без јавно да презентираат докази за да ги оправдаат нападите, потсетува германската агенција.

Медиумските извештаи покажуваат дека досега во вакви операции се убиени речиси 90 лица. 

Американската администрација ги опиша жртвите како шверцери на дрога и „терористи“.

Вонсудските убиства предизвикаа широки критики. Експертите за човекови права на Обединетите нации велат дека дејствијата го кршат меѓународното право, потсетува ДПА.

Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, неодамна изјави дека се планираат дополнителни напади. 

„Тукушто почнавме да напаѓаме нарко-бродови и да ги ставаме нарко-терористите на дното на океанот“, рече тој за време на неодамнешниот состанок на кабинетот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk