- Нема да бидам прецизна за точниот број, но тој е поголем од 30, а претседателот продолжува да ги проценува земјите, рече Ноем во интервју за Фокс Њуз, одговарајќи на прашањето дали администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, планира да го зголеми бројот на земји опфатени со забраната на 32.
Ноем не прецизираше кои земји ќе бидат додадени на списокот.
- Ако таму немаат стабилна влада, ако немаат земја која може да се одржи и да ни каже кои се тие лица и да ни помогне да ги провериме, зошто би им дозволиле на луѓето од таа земја да дојдат овде во Соединетите Држави, рече таа.
Трамп во јуни потпиша проглас со кој им се забранува влез во САД на граѓаните на 12 земји и го ограничува влезот за седум други земји, велејќи дека тоа е неопходно за заштита од странски терористи и други безбедносни закани. Забраните се однесуваат и на имигрантите, но и на туристи, студенти и деловни патници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата