logo
logo
logo

Видео: Ајкула гризнала за нога тинејџерка во плитко!!

Vecer | 03.06.2026

Видео: Ајкула гризнала за нога тинејџерка во плитко!!

Тинејџерка ја изгуби ногата во напад од ајкула во Бразил, само еден ден откако на блиската плажа едно момче преживеало слична повреда од ајкула.

19-годишната Марсела Виторија де Лима Сантос пливала во близина на Боа Вијагем во североисточен Бразил кога била нападната од ајкула, објавува „Дејли меил“.

 Снимките од местото на настанот го покажуваат моментот кога спасувачот и пливачите ја вадат Марсела од океанот. Тинејџерката може да се види како лежи на песок откако е извлечена од водата.

Лекар кој не бил на должност веднаш ѝ пружил прва помош додека не пристигнале службите за итни случаи.

Девојката е итно префрлена во болница во блискиот град Ресифе.

Нејзиниот братучед, Јонас Андре де Лима, кој бил на должност како спасител во времето на нападот, за бразилската телевизија раскажа за драматичните моменти.

- Ја спасив во морето. Влегов во водата бидејќи пловеше, губејќи сила. Ја зграпчив за рака и ја извлеков на брегот, а потоа ми помогнаа и други луѓе. Беше тешко повредена, веќе ја беше изгубила ногата - рече тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk